Зошто е важно наставниците да ги запознаат своите ученици?
Факт е дека децата учат подобро во пријателска и удобна средина, а на тој начин наставниците можат со сигурност да очекуваат дека нивните ученици ќе постигнат успех на нивниот час. За да се создаде ваква средина, наставниците мора да ги запознаат своите ученици. Доброто познавање на учениците ќе ја зголеми стапката на успех во училницата и ќе ги направи да се чувствуваат сигурно во таквата средина.
Најпрвин, многу е важно наставникот да ги запознае своите ученици како ученици. Од моментот кога ученикот ќе влезе во училницата, наставникот има можност да надбљудува и да научи како секој ученик учи и апсорбира информации. Кога еднаш наставникот ќе ги научи слабостите и предностите на секој ученик, ќе му стане полесно да им помогне во процесот на учење. Учениците брзо ќе го приметат ова, и ќе се чувствуваат посигурно на часовите. Ова значи дека тие ќе бидат охрабрени да се усовршат и нема да чувствуваат страв од правење грешки, бидејќи ќе знаат дека нивниот наставник ќе биде тука да им помогне во секој чекор.
Нешто друго, кое е исто така многу важно во училницата е наставникот да ги запознае своите ученици како личности. На овој начин, секој пат кога ученикот ќе биде вознемирен или ќе има некоја потешкотија, наставникот ќе искористи одреден пристап и ќе ја промени оваа ситуација. Поради тоа, познавањето на интересите и хобијата на учениците надвор од училницата се од голема помош во наставниот процес.
Бидејќи наставниците често се справуваат со големи групи на ученици, од голема корист се интересните формулари каде што учениците можат да ги напишат своите информации, а исто така и да се нацртаат, така што подоцна наставникот ќе може да ги прочита и да ги искорити кога е потребно. Добра идеја е сите тие формулари да се постават како некој вид на декорација во училницата, така што учениците ќе се чувствуваат како важен дел од таа средина.