Најверојатно најмелодичен, италијанскиот јазик е еден од најпопуларните странски јазици кои се изучуваат не само во нашата земја, туку и во целиот свет.

Часовите по италијански јазик се реализираат со користење на оригинални материјали кои обезбедуваат лингвистичко и културолошко познавање на италијанското говорно подрачје.

Часовите се динамични и тематски интересни. Граматиката на италијанскиот јазик се изучува користејќи различни методи кои се лесни и разбирливи.

Општи информации за курсевите по италијански јазик:

  • Почеток на курсевите – од 15-ти септември
  • Стандардни курсеви – темпо на работа: 2 пати неделно по 1 час и 15 минути
  • Траење на курсот – 8 месеци