Летните училишта нудат искуство во странство, кое овозможува поефикасно учење на јазикот, а исто така, тие се често избор на студентите кои сакаат да започнат студии во англиски говорни подрачја.

Центарот за странски јазици ”Биг Бен” е во соработка со многу летни училишта во различни градови во Англија. Ви нудиме прекрасно патување кое ќе ви овозможи изучување на англиски јазик на ново, ефективно и забавно ниво.

Курсот трае три недели, а покрај часовите во училиштата, патувањето вклучува и посети на места со локален и национален интерес. Учениците ја имаат можноста да ја изградат нивната самодоверба во користење на практичен, секојдневен англиски јазик, а исто така и да запознаат луѓе од целиот свет користејќи го англискиот.

Учењето англиски во Англија значи стекнување искуство во секојдневно користење на јазикот заедно со луѓе чиј мајчин јазик е англискиот.