Центарот за странски јазици “Биг Бен” организира подготвителни курсеви за полагање на испитите TOEFL и IELTS.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е англиски испит со кој се проверува ниво на познавање на англиски јазик на оние говорници на кои англискиот не им е мајчин јазик. Полагањето на овој испит е неопходен предуслов за запишување на поголемиот број американски колеџи и универзитети, а исто така многу програми за давање на стипендија подразбираат положен TOEFL испит. Ова е испит кој ја тестира способноста на кандидатот да ја следи наставата и да учествува во сите аспекти на студентскиот живот на англиски јазик. Факултетите во Америка сами одредуваат број на бодови потребни за упис, а просечниот број на бодови кој се бара подразбира високо ниво на познавање на англискиот јазик и подеднакво владеење со сите јазични вештини.

IELTS (International English Language Testing System) е испит направен така да овозможи проценка на јазичните способности на кандидатите кои сакаат да студираат или работат во оние средини во кои англискиот јазик е официјален јазик на комуникација. Тестот е заеднички проект на Cambridge ESOL, Британскиот совет и IDP Education Australia: IELTS Australia. Направен е во согласност со највисоките меѓународни стандарди за проценување на познавање на англиски јазик и ги тестира сите четири јазични вештини: разбирање на ислушан текст (Listening), разбирање на прочитан текст (Reading), писмено изразување (Writing), усно изразување (Speaking). Универзитети и вработувачи во многу земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и САД, го признаваат IELTS како доказ за степен на познавање на англискиот јазик. Тестот е признаен и од страна на различни професионални тела, имиграциски служби и различни агенции на Владата.