Формиран 2003 година, Центарот за странски јазици Big Ben има 15 години искуство во организиање на курсеви за странски јазици за почетници на различна возраст.

Со скромни почетоци, во време кога приватните училишта беа реткост, но со квалитетна работа, нашето училиште прерасна во институција со изградено реноме, која врши едукација на голем број странски јазици.

Нашата цел е секој почетник кој ќе се запише на курс во нашето училиште да оствари напредок во своето знаење, а за да го овозможиме тоа, нудиме:

  • Квалитетна настава од страна на квалификувани професори
  • Мали групи каде што секој ученик е во центарот на вниманието
  • Консултации со професорот секогаш кога е потребно
  • Редовни проверки на знаења преку периодични тестови
  • Најнови материјали и ресурси за учење