Центарот за странски јазици “Биг Бен” организира подготвителни курсеви за полагање на светски признаени испити на англиски јазик:

  • Подготвителен курс за полагање на FCE испитот
  • Подготвителен курс за полагање на CAE испитот
  • Подготвителен курс за полагање на CPE испитот

Подготвителните курсеви за полагање на FCE,CAE и CPE испит ви овозможуваат да се подготвите и да положите некој од овие испити и на тој начин да добиете потврда за своето ниво на знаење, која се бара на поголемиот број универзитети на англиските говорни подрачја, во светските компании (при пријавување за работа или пракса) или при конкурирање за некоја од стипендиите.

FCE (First Certificate in English) е високо средно ниво на Кембриџ испитите на англиски јазик. На скалата на Заедничкиот Совет на Европа ја носи ознаката B2. Поседување на овој сертификат потврдува дека кандидатот има доволно јазично знаење да може самостојно да се снаоѓа во земјите со англиско говорно подрачје и да може прецизно да разбира и да дава информации на овој јазик.

Овој сертификат е прифатен како доволна потврда на знаење за вработување и за некои студии во Велика Британија, како и секаде во светот. FCE испитот ги отвара вратите за понатамошно образование и професионално усовршување , како и вратите за повисоки нивоа на Cambridge испитите- CAE и CPE.

CAE (Certificate of Advanced English)е прв од двете највисоки нивоа на Кембриџ испитите на англиски јазик. На скалата на Заедничкиот Совет на Европа ја носи ознаката C1. Од кандидатите на ова ниво се очекува самоуверено да се снаоѓаат во повеќето ситуации во општеството, на работа и на студиите за високо образование во земјите со англиско говорно подрачје. CAE испит е доказ дека кандидатот е способен да: ги следи сите академски курсеви на универзитетско ниво; ефективно да комуницира на менаџерско и професионално ниво; со самодоверба да учествува на работните состаноци или академски предавања и семинари..CAE е сертификат кој е признаен речиси од сите универзитети и колеџи во Британија, како и од многу други во светот, вклучувајќи ги и вработувачите.

CPE (Certificate of Proficiency in English) е највисоко ниво на Кембриџ испитите на англиски јазик. На скалата на Заедничкиот Совет на Европа ја носи ознаката C2. На ова ниво кандидатите се приближуваат до стандардниот англиски јазик, кој е во тесна врска со јазикот на еден говорник чиј мајчин јазик е англискиот. Наменет е за оние кои го користат англискиот за академски и професионални цели. CPE е сертификат кој е признаен речиси од сите универзитети и колеџи во Британија, а и од многу други низ целиот свет, како доказ за нивото на познавање потребно за следење на курсеви за високо образование или постдипломски студии. Многу вработувачи, исто така го признаваат овој сертификат.