10 Причини зошто треба да научите друг јазик

Не многу луѓе сакаат да учат друг јазик и постојат голем број на изговори кои тие ги користат за да избегнат пробување на нешто ново, затоа што сите знаеме дека секој почеток може да биде тежок. Но, за да достигнете нешто извондредно и различно, мора да излезете од вашата зона на комфорот и да се соочите со некои предизвици.
Да, изучувањето на јазик различен од вашиот е тешко, но не постои ниедна добра причина зошто не би требале да го направите тоа.
Постојат стотици добри причини поради кои би требале да учите нов јазик и секој изучувач на јазик има свои лични причини.
Ова се некои од најдобрите:

  1. Вашиот прозорец кон многу работни можности
    Втор јазик ќе ви отвори пат кон голем број на кариери. Не мислиме само на оние фриленс и независни од локација работни места. Зборувањето на друг јазик може да ги зголеми вашите шанси за добивање на работа насекаде во светот.
    Сега живееме во свет кој што постојано се менува и многу компании се прошируваат глобално, но тие не би постигнале успех доколку немаат луѓе од различни земји кои зборуваат различен јазик. Со други зборови, ако вие сте личност која зборува повеќе од еден јазик, таквите компании ве бараат вас.
    Запомнете, дури и кога станува збор за мали компании, вашето познавање на друг јазик секогаш ќе ве истакне пред другите кандидати и ќе ви даде бонус поени.
  2. Добра вежба за вашиот мозок
    Досега, многу пати е научно докажано дека изучувањето на јазик различен од вашиот има големи когнитивни бенефиции без разлика на која возраст сте. Како што на нашето тело му е потребно вежбање за одржување на здравјето, истото се случува и со нашиот мозок. Некои од позитивните ефекти на изучување на друг јазик се подобрување на меморијата, долготрајно внимание и намален ризик од намалување на когнитивните способности поврзани со возраста. Па, направете му услуга на вашиот мозок и почнете да учите.
  3. Воспоставете мултикултурни пријателства и врски
    Барем еднаш во животот, секој има запознаено некој од различна култура и не бил во можност да ја запознае личноста подобро поради непознавање на нивниот јазик. А тоа би било голема штета бидејќи никогаш нема да дознаете што би можеле да научите од таа личност.
    Ако сакате да патувате, познавањето на различен јазик може да биде одлична алатка за да ја почувствувате подобро културата на друга земја. Што е подобро од неверојатно и автентично искуство во друга држава? А таквото искуство може да го добиете само од луѓето кои живеат таму. Па, не си го трошете времето повеќе и започнете со учење. Ова е единствениот начин да ги проширите вашите хоризонти.
  4. Добијте различна перспектива за вашата култура
    Понекогаш, секој од нас се има најдено во ситуација во која сфаќаме дека не сме навистина свесни за нашата култура. За многу од нас, нашата култура е нешто вообичаено, понекогаш дури и здодевно, и ние не ја цениме доволно.
    Но, што се случува кога странец ќе почне да зборува за вашата земја и култура? Одеднаш, слушате како некој друг ја доживува вашата култура и како гром од ведро небо, се чувствувате дека живеете на некое друго место, во земја која што не е здодевна и на која сте горди.
    Понекогаш, потребно е некој од страна да ни каже што имаме, а за да ја добиеме таа нова перспектива мора да познаваме барем два јазика.
  5. Бидете паметен турист
    Каде и да патувате, како турист вие сте “цел” на локалните луѓе. Да се биде цел во странска држава значи да се биде изложен на различни непогоди и непријатни ситуации. На пример, може да бидете измамени за цени или понуди на одредени места.
    Но, се се менува кога го познавате јазикот. За да бидете безбедни во друга држава, најдобар начин за да го постигнете тоа е да се обидете да се вклопите колку што е можно повеќе и самоуверено да го коритите локалниот јазик. На тој начин, потенцијалните измамници ќе размислат два пати пред да се обидат да ве измамат.
  6. Станете подобар ученик
    Секој пат кога ќе почнете да учите јазик, ќе видите како станува полесен од претходниот. Со изучување на многу јазици, вие почнувате да развивате јазични трикови кои прават учењето да биде полесно и побрзо. Ова се случува затоа што во процесот на учењето вие сретнувате многу сличности и разлики помеѓу јазиците, и уште поважно, ги откривате вашите слабости кои треба да бидат елиминирани. Како што спортистите стануваат посилни и во подобра форма со различни вежби, вие станувате подобри со изучување на различни јазици. И додека да трепнете, вие ќе бидете на патот да станете полиглот.
  7. Ослободете се од стравот дека “изгледате глупаво”
    Дали некогаш сте се изгубиле во друга земја без вашите мапи на мобилен телефон? Одговорот најверојатно е да. Во таквите ситуации, решение е да прашате минувач да ве насочи. Ова се чини како лесна задача, но сепак се двоумиме кога треба да го направиме тоа. Причината за нашето двоумење е всушност стравот од правење грешки на странски јазик и од помислата дека ќе изгледаме глупаво.
    За да се ослободите од тој страв, потребно е да го вежбате јазикот зборувајќи го. Ако почнете да учите нов јазик и да зборувате уште од првиот ден, не само што ќе бидете во можност да комуницирате ефикасно, туку и ќе ја зајакнете вашата самодоверба.
    Кога учите нешто ново, не само јазик, запомнете дека самодовербата игра важна улога во процесот.
  8. Уживајте во различни работи на нивниот јазик
    Луѓето го поминуваат своето слободно време со различни хобија. Најчестите се читање книги или стрипови, слушање музика, гледање филмови или серии и слични работи од светот на уметноста. Повеќето од овие работи се на странски јазик, па ќе ви биде потребен превод за да ги разберете. Во многу случаи не можете да најдете превод и тоа ве полудува бидејќи сте навистина љубопитни и заинтересирани за нешто.
    Па, наместо да си го трошите времето барајќи преводи или објасненија за работите кои ве интересираат, почнете да го учите јазикот и уживајте во вашето хоби на оригинален начин. Покрај уживањето, тоа е исто така добар начин да се вежба јазикот, па тоа би било некаков вид на час со многу забава.
  9. Станете подобари во ценкање
    Знаете дека ценкањето може да биде доста интересно и забавно, а на крајот го добивате посакуваното нешто за многу ниска цена, нормално ако имате добри вештини во ценкање. Една од потребните вештини е да се знае локалниот јазик. Познавањето на јазикот ви носи поени уште на почетокот на играта на ценкање поради неколку причини. Прво, со зборување на локалниот јазик вие покажувате почит кон личноста која ви продава и второ, ќе ве направи да изгледате искусни во ценкањето, дури и тоа да е ви е прв пат.
  10. Докажете си дека можете
    Како што кажавме претходно, луѓето бараат многу изговори за да не учат друг јазик, но, уште еднаш, тоа се изговори, не причини. Како што оди изреката “Ако навистина сакаш да направиш нешто, ќе најдеш начин. Ако не сакаш, ќе најдеш изговор.”
    Така, без разлика какви сомнежи и стравови имате, ослободете се од нив, затоа што можете да научите друг јазик. И кога еднаш ќе го направите тоа, светот ќе ви изгледа помал и ќе ви отвори врати кон многу можности.