Подобрете ги вашите вештини на пишување и почнете да заработувате

Најверојатно веќе сте слушнале дека многу луѓе денеска заработуваат од хонорарно
пишување, термин познат како “freelance”, и тоа пишување на статии за веб страници,
блогови и слични работи кои може да се најдат на интернет.

Како што сме се повеќе апсорбирани во дигиталниот свет, многу луѓе ги истражуваат
можностите кои ги нуди интернетот со цел да најдат нешто кое одговара на нивните потреби.
Доколку ви е преку глава од вашата работа или само сакате да пробате ново хоби кое ќе ви
донесе дополнителни пари, фриленс пишувањето би било вашиот одговор.

Можеби мислите дека пишувањето на англиски јазик е тешко и дека не е за вас, но факт е
дека се може да се постигне со малку повеќе труд и дур да трепнете, ќе имате нова работа
која ќе ви овозможи да работите каде што сакате.

Ова се неколку придобивки кои ги нуди фриленс пишувањето:

1. Флексибилен распоред
Кога станува збор за работа, работното време може да биде кошмар и сигурно сте се нашле
во ситуација во која мислите дека постојано работите, немајќи време за себе и за уживање во
животот. Поради тоа, ова е најдобрата придобивка кога си фриленсер. Зависно од тоа колку
брзо пишувате и колку време ви е потребно да ја завршите работата, вие може да си го
направите сами својот распоред и да го вклопите во вашите секојдневни рутини.
Доколку некогаш се чувствувате мрзеливи наутро, секогаш знаете дека ќе може да работите
во било кое време во текот на денот, бидејќи немате шеф кој ве надгледува и ви дава задачи
во фиксно работно време.
Како и да е, потребна е дисциплина за да научите како да го користите времето, бидејќи сте
сами на себе шеф.

2. Независна локација
Дали некогаш сте посакувале да работите додека сте во кревет, или уште подобро, додека сте
на плажа? Овој вид на работа ви овозможува самите да си го изберете работното место.
Самите вие одлучувате каде се чувствувате најудобно и најпродуктивно додека пишувате.
Сопствениот избор на местото на работа ви дава можност да работите дури и кога сте на
одмор или на некој друг вид на патување. На овој начин веќе не мора да пропуштате ниедна
шанса за одлично патување.

3. Нема потреба за превоз до работното место
Ова е всушност каде фриленс работењето навистина се исплати. Не мора повеќе да си го
трошите времето во сообраќај по пат на работа. Вашата канцеларија може да биде вашиот

двор или кафулето во близина на вашиот дом. Исто така, веќе не мора да трошите пари за
гориво, такси или автобуски билети.
Како додаток на тоа, непатувањето до работното место ќе ви ослободи повеќе време за вас,
односно ќе ви овозможи време за активности кои никогаш не сте успеале да ги испробате
поради тоа што патувањето до до работа и дома ве истоштувало.

4. Заработувате толку колку што работите
Во вообичаената работа добивате плата секој месец и нормално, тоа прави да се чувствувате
сигурни. Но, кога станува збор за зголемување на платата или унапредување, треба да чекате
долго време за да ја добиете таа можност.
Во фриленс работите, може да заработувате колку што работите, односно доколку работите
на повеќе проекти овој месец, ќе заработите повеќе пари одколку претходниот. На овој начин,
создавате свое унапредување и не мора да чекате некој да ви го понуди.

5. Интересна работа
Да се биде фриленс автор ви дава можност да работите на различни видови на проекти. Тоа
значи дека ќе имате шанса да го проширите вашето знаење на различни начини. Ќе научите
многу нови работи преку истажувањата пред пишувањето и ќе бидете изненадени колку
работи не сте знаеле за светот.
Исто така, како фриленсер може да изберете каква работа сакате да работите. Доколку
одредена задача не се чини како соодветна за вас или не е доволно интересна за вашиот вкус,
едноставно не аплицирајте за истата. Нема никој кој ве надгледува и ви задава здодевни
задачи – во целост зависи од вас!