“Двојни маки, матни жабри, гори, огну; казану бабри, бабри!”: Историјата и мистеријата за Ноќта на вештерките

Вештерки, духови, тикви, лилјаци…и многу други застрашувачки суштесва се симболи на најпознатиот празник наречен Ноќ на вештерките. Овој празник се слави на 31 Октомври секоја година од страна на милиони луѓе во светот. Традициите и обичаите на овој морничав фестивал се различни во многу земји и тие се менувале многу во текот на изминатите години.
Во Америка и Британија, луѓето ја прославуваат Ноќта на вештерките со маскирање во страшни костими и приредување забави. Децата посебно го обожуваат овој празник бидејќи тоа е време кога можат да им прават трикови на соседите и да бараат слатки, т.е. традиција наречена “трик-или-бомбони”. Во Мексико и во други земји, луѓето одаваат почит на нивните починати роднини со тоа што ги посетуваат нивните гробови и оставаат цвеќе.

Традициите на Ноќта на вештерките датираат преку 2000 години и многу историчари веруваат дека овој празник е започнат во Европа. Келтите, кои живееле на територијата на Ирска, празнувале празник наречен “Самхеин” што значи “крај на летото”. Келтите верувале дека на овој ден, починатите се враќале во живот и за да би се заштитиле тие палеле голем огин и облекувале костими.
На Самхеин, келтските жени имале обичај тајно да обележуваат јаболки и да ги ставаат во голем сад со вода. Потоа, мажите би ги зграпчувале јаболките со нивните усни за да видат со кого ќе се оженат. Оваа традиција, наречена “зграпчување на јаболки”, е се уште позната на забавите за Ноќ на вештерките, но се користи само како игра, а не за склопување бракови.

Во деветиот век, Христијаните ги сретнале Келтите. Христијаните празнувале празник за починатите светци, наречен “Ден на сите светци” на 1 Ноември. Па така, тие ги споиле двата празника во еден и го нарекле Ноќ на вештерките.

Потоа, луѓето во Ирска и Англија почнале да го празнуваат празникот и создале нивни традиции. Две од најпознатите се “глумење мумии” – сиромашните луѓе ги забавувале богатите, и “молитва за душите” – сиромашните се молеле за душите на починатите роднини на богатите. Тие го правеле ова за да добијат слатки.

Денеска, Ноќта на вештерките се смета за време кога децата можат да добијат повеќе слатки од вообичаено и време кога возрасните се маскираат и ја користат нивната креативност и имагинација. Иако корените на овој празник се застрашувачки и мистериозни, денеска тоа е само ден исполнет со безопасна забава.