Зошто треба да го полагате испитот FCE

Дали планирате да го полагате испитот FCE? Не сте сигурни дали ќе ви корисен? Ова е листа на причини зошто испитот би ви бил од голема корист!

  1. Бидете флексибилни во вашето учење
    За многу луѓе изучувањето на нов јазик може да одзема многу време; вие мора да поминувате многу време во училници со фиксирани распореди и датуми на испити.
    Но, тоа не е случајот со испитот FCE, бидејќи за него може да учите слободно, со ваше темпо. Датумите на испитите се вообичаено преку цела година, па така вие може да изберете кога да го полагате и да одделите колку време ви е потребно за да се подготвување.
  2. Одлична почетна точка
    FCE е одлична почетна точка за да ги усовршите вашите вештини во англиски јазик уште повеќе. Испитот нуди одлична основа за продолжување на вашето образование за ваши лични квалификации или други испити – како што е CAE.
  3. Прифатен насекаде во светот
    Најверојатно, најважниот аспект од испитот FCE е тоа што е признаен и прифатен насекаде во светот. Ова значи дека, без разлика дали ви го треба за универзитет или работни апликации, со сигурност ќе знаете дека вашите вештини во англиски јазик ќе бидат прифатени. Исто така, ви дава поголема предност за да бидете прифатени во било која институција, само затоа што има светско признание.
  4. Патувајте со него
    Како додаток на интернационалното признание, испитот ќе ви биде многу корисен ако планирате да работите или учите во Обединетото Кралство. Ако аплицирате за виза, испитот ви нуди поголема шанса дека ќе добиете.
  5. Покријте го секој аспект од англискиот јазик
    Една работа која треба да ја знаете за испитот е дека ги покрива сите аспекти од англискиот јазик – усовршување на вашите вештини во пишување, читање, слушање, користење на јазикот и зборување. Ова е неверојатна помош за усовршување на вашите вештини кои ќе ви бидат од огромна корист ако планитате да работите или учите во англиско-ориентирано подрачје или само за вашето општо користење на јазикот.

Зошто чекате? Со толку многу придобивки од испитот, со сигурност добивате академска или професионална предност.