Часовите по англиски јазик се динамични, интерактивни и тематски интересни, а главната цел е да се зборува англиски што е можно поскоро. Во нашата работа го користиме најнапредниот разговорен метод, кој ќе ви овозможи да зборувате англиски веднаш и кој ќе ги активира и претходните и новостекнатите знаења.
Граматиката на англискиот јазик се изучува преку специјално дизајниран метод кој е лесен и разбирлив. Изобилството на вежби и користење на различни аудио и видео материјали на часовите се сигурен начин за успешен и брз напредок во изучувањето на англискиот јазик.
Општи информации за курсевите по англиски јазик:
- Почеток на курсевите – од 15-ти септември
- Стандардни курсеви – темпо на работа: 2 пати неделно по 1 час и 15 минути
- Траење на курсот – 8 месеци