September 12, 2018
by admin
Совети и трикови за подобрување на вашиот вокабулар
Изучување на нови зборови е најверојатно , една од најтешките работи за време на учење на странски јазик. За среќа постојат многу трикови за нивно полесно помнење, а ова се неколку од нив:
- Фокусирајте се на фрази
Меморирањето на зборови кои стојат самостојно не е многу корисно доколку не знаете како да ги
искористите во конверзација или во реченица. Наместо тоа, кога ќе сретнете нов збор обидете се
да ја запомните целата фраза, а не само зборот. Најлесен начин да се направи ова е со слушање
на аудио снимки, гледање филмови и серии или читање книга на јазикот кој го изучувате, бидејќи
тие користат фрази кои се чести кај луѓето чиј тој јазик е мајчин. Тие навистина можат да бидат од
огромна помош. - Клучни зборови
Навистина корисен процес за време на изучување на странски јазик е метод наречен “Метод на
клучни зборови”. Овој процес вклучува комбинирање на слики и гласови за да се запомнат нови
зборови. Најпрвин, замислете збор или фраза на вашиот мајчин јазик кој звучи како зборот кој се
обидувате да го научите. Потоа, направете слика од поврзаноста на двата збора. Користење на
оваа техника често, навистина ќе ви помогне да го проширите вашиот вокабулар. - Повторувањето е клучот
Најверојатно сте слушнале дека повторувањето е мајка на знаењето кога станува збор за
изучување на нови работи. Странските јазици не се исклучок во овој случај. Корисен трик е да се
напишат новите зборови и фрази на мали ливчиња и да се залепат на места каде што би ги
гледале често (на пр. огледало, фрижидер). Бидејќи ги читате по неколку пати, тие со сигурност ќе
останат во вашата меморија, а исто така ќе заштедите многу време.
Не постои алтернатива на постојаното повторување. Користете ги овие трикови колку што можете
повеќе, но не заборавајте да читате, пишувате, слушате и изговарате нови зборови секојдневно.
Вашиот вокабулар ќе се прошири за “секунда”!