Зошто учење на втор јазик е полесно за децата?
Секогаш слушаме како возрасните се жалат за тоа колку е тешко да се изучува втор јазик и многумина од нив вообичаено се двоумат да започнат со тоа. Причината за ова е затоа што е полесно да се започне со изучување на втор јазик кога сте дете, а не тинејџер или возрасна личност.
Која е причината за ова? Зошто децата се подобри во изучување на јазик и како тие стануваат толку лесно добри во двојазичност? Сето ова е всушност хемија на мозокот. Секогаш велиме дека децата се како сунѓери и дека апсорбираат информации неверојатно брзо. Всушност, ова е несвесна состојба на умот, т.е тие учат, но не се навистина свесни за тоа. Од друга страна, кога возрасна личност апсорбира информации, тој или таа го прави тоа со намера. Тоа значи дека кога апсорбирате информации свесно, понекогаш мозокот има потешкотија да ја зачува таа информација во долгорочна меморија. Односно, понекогаш информациите се губат и се забораваат. На пример, дали некогаш сте се нашле во ситуација во која брзо ќе запомните песна која сте ја чуле на радио, но имате потешкотија да запомните неколку реченици за вашиот говор кој треба да го одржите на работното место? Тоа е затоа што сте ја запомниле песната без намера да го направите тоа.
Според многу истражувања, најдобро време за изучување на втор јазик е помеѓу раѓањето и возраста од 7 години, и овој период е наречен “прозорец на можности”. Ова не значи дека возрасните нема да бидат успешни во текот на процесот на учење, туку дека за децата би било полесно, и што е уште поважно на тој начин ќе можат да усовршат многу когнитивни вештини заедно со учењето.
Многу истражувања тврдат дека децата го учат јазикот преку директна интеракција со наставникот. За време на разиграна интеракција, децата учат многу од наставникот и ја градат својата самодоверба преку поминување време со наставникот и нивните врсници. Улогата на наставникот е да ги одржува децата ангажирани цело време што им помага да го изучуваат и усовршат јазикот.
Интеракцијата и играњето со деца од иста возраст е многу важна за развојот на детето. Тоа значи дека посетување на одреден тип на курс или програма е од значителна важност за детето да развие други вештини заедно со јазикот. Часовите, наставните стратегии и средината се одразуваат на развојот на детето. Неверојатно е колку децата можат да научат кога редовно го слушаат јазикот што води кон флуентност во иднината.