August 28, 2018
by admin
5 Одлични германски изреки: Инспиративни, збунувачки и навистина смешни!
Еден начин да направите вашиот германски да звучи како мајчин јазик е да научите “Redensarten”. Ова се гермаски изреки кои се користат за изразување на мислења, дејства и чувства. Изрази како овие се користат исто така во македонскиот јазик, како на пример:
“Да убиеш две муви со еден удар”
“Во секое зло, има нешто добро”
Со учење на овие изрази, вашиот германски дефинитивно ке звучи како мајчин јазик! Ова се некои примери:
- “Ich kriege so eine Krawatte”
Ова е смешна изрека која всушност нема никаква смисла кога ќе ја чуете во конверзација. Буквално преведено тоа звучи “Добивам таква кравата”, но всушност германците ја користат кога се навистина лути за нешто. Еве неколку примери:
• Ich kriege so eine Krawatte, wenn Lucy mein letztes Ibuprofen nimmt. “Навистина ме лути кога Луси ќе ми го земе последниот Ипупрофен.”
• Ich kriege so eine Krawatte, wenn man mit mir auf Englisch reden will. Ich muss Deutsch üben!”Навистина ме лути кога некој ми зборува англиски. Мора да го вежбам германскиот.” - “Du gehst mir auf den Keks”
Ако некој е неподнослив или ви оди на нервите, ова е вистинскиот израз за вас. Буквалниот превод е “Ми одиш на моето колаче”, и може да биде искористено кога некој ви додева. Пример за ова е:
• David, hör auf! Du gehst mir auf den Keks. “Престани, Давид! Ми одиш на нервите!” - “Ins Fettnäpfchen treten”
Дали некогаш сте кажале нешто за кое во истиот момент сте се покајале? Па, ова е германскиот израз во случај кога ќе кажете нешто навредливо, кое може да вознемири или посрами некој друг. Соодветниот превод е “Да стапне во дебел, длабок сад” што најверојатно го опишува чувството на секого во таквиот момент. - “Ich bin bis über beide Ohren verliebt”
Ако сте страсно заљубени во некого, тоа е вистинскиот момент кога треба да го искористите овој израз. Буквален превод на оваа изрека е “Заљубен сум преку ушите” или во нашиот јазик познато како “Заљубен до уши”. Всушност значи дека сте толку полни со љубов што ви поминува дури и преку ушите. - “Das ist nicht mein Bier”
Дали некогаш некој ви има кажано проблем кој вас не ве интересира или просто не сакате да имате ништо со тоа? Германците обично го изразуваат ова со пет едноставни зборови, што буквално преведено звучи “Тоа не е моето пиво”, што значи тој проблем не влијае на вас на никој начин.