“Busy Bees” Дневна едукација за деца (I – V одделение)

Центарот за странски јазици Биг Бен нуди програма за активности за времето поминато надвор од училиште која е наменета за проширување на можностите за учење и допринесува во развојот на когнитивни, социјални и емоционални вештини. Покрај тоа, овие активности нудат програма за избаласирана академска поддршка, уметничко и културно збогатување и рекреација.

Зошто активностите надвор од училиште се добри за развој на детето?

  1. Ги подобруваат академските достигнувања на децата
  2. Го зголемуваат интересот и способноста за читање
  3. Овозможуваат развивање на нови вештини и интереси
  4. Овозможуваат изработување на поквалитетни домашни задачи
  5. Ги зголемуваат амбициите на децата за иднината
  6. Го поддржуваат социјалниот развој на детето и врските со возрасните и врсниците

 

Во програмата се вклучени следните активности:

  • Помош во домашните задачи и развој на академските вештини
  • Истражување на посебни интереси – уметност, музика, театар, игри и сл.
  • Изучување на различни култури
  • Зајакнување на социјалните вештини и карактерот на детето

 

Активностите се оддржуваат наутро и попладне, во мали групи (по 6 ученици во група) и се прилагодени според вашите потреби и потребите на вашето дете:

Термини:

  • Понеделник и петок:

9:00 – 11:00

11:00 – 13:00

13:00 – 15:00

15:00 – 17:00

  • Вторник, среда и четврток:

9:00 – 11:00

14:00 – 16:00

За подетални информации може да не контактирате на: 070-958-162 или 071-557-922 или да ни пишете на нашата Facebook страна.