March 19, 2020
by admin
Децата и коронавирус
“Децата се позагрижени кога нешто се крие од нив”
Вестите за коронавирусот (COVID-19) се насекаде, од насловните страни на весниците до детските игралишта во парковите. Многу родители се прашуваат како да разговараат за епидемијата на начин кој ке биде смирувачки и нема да ги направи децата позагрижени отколку што се во моментот. Ова се неколку совети од експертите на Институтот за деца.
- Не се плашете да зборувате за корона вирусот. Повеќето деца веќе имаат слушнато за вирусот или имаат видено луѓе кои носат маски, па тоа значи дека оваа тема не треба да се избегнува.
- Избегнување на темата може да ги загрижи децата уште повеќе. Гледајте на разговорот како можност да ги пренесете фактите и да го поставите емотивниот тон. Вие сте личноста која е во можност да ги пренесе новостите на вашето дете на поинаков начин. Вашата цел е да овозможите вашето дете да се чувствува информирано и да дознава информации кои се базирани на факти кои што веројатно ќе бидат посигурни од се што тие можат да го слушнат од своите пријатели или вестите на телевизија и интернет.
- Бидете соодветни во однос на нивниот развој. Не пренесувајте преголем број на информации, затоа што оваа тема може да биде премногу за децата. Наместо тоа, обидете се да одговорите на прашањата кое вашето дете ги поставува. Обидете се да одговорите искрено и прецизно. Во ред е да не можете да одговорите на секое прашање; она што е важно е да му бидете достапни на вашето дете.
- Искористете ги индикациите на вашето дете. Побарајте вашето дете да ви раскаже се што знае за коронавирусот и како тоа се чувствува. Дајте им можност тие да поставуваат прашања. Вашата цел е да бидете подготвени да одговорите на прашањата со прецизност и да се погрижите да не разбудите застрашувачки фантазии кај вашето дете.
- Справете се со вашата сопствена анксиозност. Кога се чувствувате вознемирени и во паника, тоа не е времето кога треба да зборувате со вашето дете на темата за вирусот. Доколку се чувствувате вознемирено, дајте си малку време да се смирите пред да зборувате со вашето дете и одговарате на неговите прашања.
- Обидете се да го смирите вашето дете. Децата се многу егоцентрични, па дознавање за коронавирусот преку медиумите може да биде доволно за нивната сериозна загриженост дека и тие ќе бидат заразени. Многу е важно да го уверите вашето дете и да му објасните дека коронавирусот е поредок од типичната настинка и дека децата всушност се на помал ризик.
- Фокусирајте се на чекорите за заштита. Важен начин за смирување на вашето дете е да ги назначите мерките за заштита кои вие ги преземате. “Децата се чувствуваат моќно кога знаат како да се заштитат” – вели детскиот психолог, Џејми Хауард од Институтот за деца. Знаеме дека вирусот се пренесува преку кашлица и преку допирање на различни површини. Препораките за темелно миење на рацете се основни за заштита. Па, потсетете ги вашите деца дека за нивна заштита треба темелно да ги мијат нивните раце со сапун и вода 20 секунди (или времетраење на песната “Happy birthday” два пати) кога ќе дојдат од надвор, пред да јадат, по кашлање и по користење на тоалетот.
- Држете се до рутината. Никој не сака несигурност, па придржувањето до навиките и рутините е нешто што е од најголема помош во овој момент. Ова е многу важно во моментот кога градинките и училиштата се затворени. Обидете се да го поминувате времето со вашето дете со активности кои ќе им го задржуваат вниманието. Денови со редовни оброци и навремено одење во кревет се суштински дел за вашето дете да остане здраво и среќно.
- Продолжете да зборувате. Кажете им на вашите деца дека ќе ги информирате за сите новости кои вие ќе ги слушнете. Може да им објасните дека не знаете се во моментот, но штом дознаете нешто повеќе и тие ќе бидат известени.
Насоки кои можат да помогнат во разговорите со вашето дете може да ги пронајдете и на следниот линк: https://okno.mk/node/83493