Среќни во училница: 6 Работи кои ќе направат вашето дете да ужива во учењето

Сите знаеме дека училницата е втор дом и за наставниците и за учениците и поради тоа ваквото место треба да биде удобно и пријатно. Да се има училница во која се чувствуваш сигурно и среќно води до подобри резултати во изучување на различни вештини потребни за иднината во глобалниот свет.
Кога учениците ќе зачекорат во училницата за прв пат, нивниот прв инстинкт е да го разгледаат секој детал во неа и да оценат каков тип на часови ќе имаат во текот на целата година. Ова се однесува на секој ученик без разлика на возраста. Зачудувачки е како дури и најмладите ученици можат да го забележат секој мал детал во училницата.
Тие разгледуваат се, почнувајќи од начинот на седење до постерите закачени на ѕид. На оној начин тие заклучуваат какви часови ќе посетуваат, како ќе комуницираат за време на часовите, какви задачи ќе треба да извршат, итн.
За да се создаде пријатно место за учење, постојат неколку работи кои треба да се земат во предвид:

1. Начин на седење
Сите сме навикнати на обичниот начин на седење во редици или колони и речиси секогаш очекуваме ваков начин на седење уште пред да влеземе во училницата. Ваквиот начин на седење е погоден за секоја училница, поттикнува самостојна работа и набљудувањето за наставникот е полесно. Но, кога станува збор за млади ученици, односно деца и тинејџери, подобро е да се стреми кон различен начин на седење. На пример, местење на масите во група или во форма на потковица ќе им овозможи на учениците поголеми шанси за комуницирање со нивните соученици и со наставникот, ќе ги поттикне да учествуваат во дискусии и активности, ќе ја подобри врската помеѓу учениците и воспитувачот. Исто така, на овој начин ќе создадете голем простор за демонстрации и презентации.

 

2. Шарено уредување
Децата сакаат бои и шарената средина ќе ги направи неверојатно среќни. Користењето на различни бои на материјали и декорации ќе создаде толку пријатно место за учење, што децата ќе уживаат на секој час. Учењето не е омиленото нешто на секој ученик, но со создавање на топла средина, тоа може да се смени.

 

3. Одговорност во училницата
Да се подучува одговорност во училницата е од голема важност. Со учење на децата да бидат одговорни во училницата, вие исто така ги учите да бидат одговорни дома и во нивното општество. Исто така, кога на децата им е дадена одредена улога која треба да ја исполнат, тие чувствуваат дека нивното присуство во училницата е важно. Одговорностите во училницата се секогаш забавни, особено кога се тематски приспособени и интересни.

 

4. Активности за “одмор на мозокот”
Наставниците мора да имаат на ум дека учењето може да биде тешко и напорно во исто време. Исто така, постојат случаи во кои тешки работи мора да бидат научени, а тоа може да наметне голем стрес врз учениците. За овие ситуации да бидат полесни за учениците, секогаш е добро да се направи пауза. Активностите за “одмор на мозокот” се активности во училница кои се ограничени до 5 минути и вообичаено вклучуваат физичка активност. Овие активности се одличен начин за учениците да заборават на момент на тешките задачи и да ја повратат концентрацијата за понатамошно учење. Децата, а исто така и наставниците, ги обожуваат овие активности.

5. Позитивни мисли и изреки
Негативното размислување е како огромен ѕид кој ве спречува во исполнување на цели и може да ги воздржи учениците од искористување на нивниот вистински потенцијал. Поради тоа, од голема важност е детето да биде поттикнувано да размислува позитивно уште од раното детство. Во овој случај, родителите ја имаат клучната улога, но бидејќи, училницата е втор дом за детето, наставникот исто така игра голем дел. А што е подобар начин за инспирирање на оптимизам од осигурување дека надежта е секаде околу нас? Секогаш е добро да се започне часот со позитивна изрека, како и поставување на постери околу училницата кои ќе ги потсетуваат децата дека позитивноста е клучот на успехот.

 

6. Наградување на трудот
Помеѓу сите задачи и домашни работи, може да се случи детето да изгуби мотивација, а тоа може да го спречи во подобрување во процесот на учење. За да се задржи мотивацијата на учениците и нивниот стремеж кон успех, добро е да се постави систем на наградување. Наградите во училницата се вообичаено мали, но учениците ги ценат и навистина им се допаѓа кога нивниот труд вреднуван.