August 29, 2018
by admin
5 Причини зошто треба да научите различна култура заедно со јазикот
Постои длабока врска помеѓу јазикот и културата. Како што знаеме сите, јазикот е прв комуникациски медиум за пренесување на пораки помеѓу луѓето. Тоа значи дека јазикот се користи за да се опише и објасни поединечна култура и да се одржи истата во исто време.
Па, кога изучувате јазик, од голема важност е да учите и за културата на луѓето кои го зборуваат. Тоа ќе ви помогне да го разберете потеклото и користењето на различни структури и форми во јазикот кои можеби ви се чинат чудни или тешки.
Но, постојат и други причини зошто да се биде културолошки свесен може да ви биде корисно и на работното место и во секојдневниот живот.
- Ви помага да бидете поприфатливи кон различности
Живееме во 21-ви век, век кој е склон на подобрувања и иновации, што значи дека секоја личност треба да биде во чекор со тоа. Со други зборови, треба да се усовршуваме на ист начин како што технологијата и науката го прават тоа.
Посетување на земји, гледање документарни филмови или читање за нив може да ви помогнат да ги прифатите разликите во светот. Со сите раси, религии и јазици, може да се чини тешко да се разберат и прифатат сите различни нешта и луѓе. Но, ако научите за потеклото на одредена култура и за начинот на кој одредена земја станала таква, ќе ви биде полесно да ја прифатите диверзитетноста на светот. Ќе ве направат помалку склони кон осудување и ќе ви помогнат да се ослободите од предрасудите. - Ја буди љубопитноста
Изучувањето на други култури заедно со јазикот ќе ве инспирираат и мотивираат да ги посетите и да доживеете какви се тие всушност. Постои огромен број на различни култури и секоја од нив е уникатна на свој начин. Љубопитноста создава интерес за разбирање на корелацијата помеѓу вашата култура и некоја друга. Неверојатно е како учењето на дури и мал детал од друга култура ќе ве направат да бидете желни да отидете и да видите со свои очи. - Ве подготвува за се повеќе глобален свет
Со напредокот на технологијата, светот изгледа како мало место. Сега, патувањето е многу полесно што значи дека е многу веројатно дека ќе запознавате многу различни луѓе се почесто и дека ќе сретнете различни културолошки богатства и обичаи. Да бидете способни да го прифатите различниот спектар на луѓе не е само голем дел од живеењето во глобално општество, туку е и обележје на едуциран и добро изграден човек. - Добра стимулација за вашиот мозок
Како што изучувате различен јазик и култура, вие го стимулирате вашиот мозок да размислува на нови начини. Учење за различни култури е одличен начин да го проширите вашиот спектар на информации кој го поседувате и да се предизвикате да размислувате поразлично. Ќе бидете изненадени колку многу инспирација и мотивација може да донесе културолошкото познавање. Затоа почнете да учите и зголемете ги вашите ментални способности. - Другите култури се интересни и забавни
Интересно е да се дознае за животите на оние кои се различни од вас. Малку повеќе знаење не може да ве повреди, може само да го промени вашиот живот на подобро. Секогаш е подобро да го поминувате вашето време учејќи за нешто интересно, отколку да го трошите гледајќи безцелни ТВ емисии или нешто слично на тоа.