August 28, 2018
by admin
Како светот може да биде вашиот дом: 4 начини со кои изучувањето на јазици може да ви даде интернационален начин на размислување
Јазикот е поврзан со речиси секој аспект од нашите секојдневни животи – со него ние ги изразуваме нашите чувства, желби, мислења, идеи и многу друго со луѓето околу нас. Целта е да се создаде глобализиран свет каде што луѓето можат да имаат јасна комуникација меѓу себе, каде што изучувањето на странски јазик е станува потреба.
Пред да започнете со негодување дека учењето на нов јазик може да биде многу тешко и да одзема многу време, со вистинска одговорност и напор, вие сте обрзани да создадете глобален начин на размислување кој би можел да ви помогне да се чувствувате како светот да е вашиот дом. Еве ја листата на причини како учењето на нов јазик ќе ви биде од голема корист.
- Отвара повеќе можности
Познавањето на странски јазик е една од најпрактичните начини за отворање на вашите можности насекаде во светот. Денеска, многу средни училишта и универзитети нудат можност за поминување на извесно време во странство со цел да се фокусирате на вашите јазични вештини. Освен тоа, слушање музика, читање книги и запознавање на локалното население се сигурен начин за усовршување на вашите вештини и отворање на нови можности. - Ви дава широк спектар на академски можности
Многу студенти во моментов се повеќе склони кон идејата за студирање во странство, а познавање на јазикот ви ја дава најголемата предност. Универзитетите и колеџите ширум светот се стремат да создадат таканаречена “глобална училница”- студенти од различни делови на светот се во можност да комуницираат на јазик кој сите го разбираат. Вие сте обрзани да излезете од вашата комфортна зона и да го отворите вашиот ум за многу нови начини на размислување. - Отвара многу можности за вработување
Денеска, познавање на втор јазик отвара голем број на можности за изградба на вашата кариера – се повеќе и повеќе вработувачи бараат луѓе кои познаваат барем еден странски јазик. Ако ги поседувате вештините, може да верувате дека вашата работна апликација ќе биде поставена пред вашите врсници. Земајќи го ова во предвид, во денешната непредвидлива економија, познавање на странски јазик е клучот. - Гради глобална мрежа
Пријателствата изградени зборувајќи втор јазик се докажани како подолготрајни од обичните. Додека го изучуваме јазикот и го користиме во секојдневни ситуации, другата страна го препознава вашиот напор во комуникацијата со нив на нивниот мајчин јазик и поради тоа ве почитува многу повеќе. Со помош на јазикот, вие сте во можност да изградите пријателства и партнерства низ целиот свет кои можат да ви помогнат да станете поинтелегентни во аспект на културата.
Конечно, учењето на нов јазик не значи да се знае целиот негов речник и граматика, туку да се гради начин на размислување кој би можел да се вклопи на глобално ниво. Вие станувате прилагодени на мултикултурното општество со многу побрзо темпо. Потрудете се и ќе можете да го цените начинот на кој другите луѓе го гледаат светот.